Ракомет
Вардар со гол предност на полувреме против ПСЖ
Вардар денеска го игра натпреварот за третото место од Ф4 на Лигата на шампионите. Македонскиот шампион не успеа да го совлада Монпелје на вчерашниот полуфинален дуел и не обезбеди пласман во финалето.
За разлика од вчера, денеска Вардар игра на неговото препознатливо високо ниво. Одличната игра на почетокот резултираше со предност на Вардар од три гола во 12. минута (6:3)
И Вардар, и ПСЖ направија многу технички грешки, се играше гол за гол, се до 17. Минута кога ПСЖ направи серија од два гола и ја намали предноста на Вардар на 7:6.
Во 21. минута ПСЖ успеа да ја анулира предноста на Вардар, и да изедначи на 10:10.
Во 24. минута, Вардар како да попушти во играта, направи многу грешки, не реализираше зицери, па ПСЖ дојде до предност од 12:11.
Со серија од два гола Вардар повторно ја враќа предноста во 26. минута и оди на плус еден (13:12).
На самиот крај на првото полувреме, во последната минута Вардар доаѓа до водство од 15:14, и со овој резултат оди на полувреме.