Ракомет
Вардар со мака првпат победи во Битола
Екипата на Вардар со мака за прв пат оствари победа во Битола и со тоа остана во трка за титулата во македонското првенство.
Со резултат од (19-22) Вардар славеше, по тешкото прво полувреме, а во последните минути од второто успеаа да ја скршат одбраната на младиот битолски состав.
Во спортската сала имаше над 2.500 гледачи.