Ракомет
Вардар со победа ја заокружи 2019 пред својата публика во СЕХА лигата
Актуелниот македонски и европски првак Вардар со победа против Татран Прешов од 28:26 ја заврши 2019 година во СЕХА лигата кога се во прашање натпреварите на домашен терен. Со оваа победа „Црвено-црните“ се на чекор до освојување на првото место во оваа фаза од регионалното натпреварување, односно во групат А. Ќосевски, Чупиќ и Атман постигнаа по пет голови, последниот имаше и пет асистенции. На спротивната страна, а воедно и на мечот, најефикасен беше Јанус Лапајне со шест погодоци.
На 15 овој месец се игра последниот меч, Вардар му гостува на Нексе. Досегашниот скор е 8 победи и еден пораз.