Connect with us

Ракомет

Вардар со победа над Нексе се загреа за дуелот со Барселона

Ракометарите на Вардар се вратија на победнички патеки и во Регионалната СЕХА лига по триумфот на домашен терен против Нексе со 31:26. Претходно, вардарци имаа два порази во серија од ППД Загреб и од Мешков Брест, а со оваа шеста победа се изедначија со Нексе на втората позиција со три бода помалку од водечкиот Загреб.

Дури 13 ракометари на Вардар се запишаа во листата на стрелците, а најефикасни беа Тимур Дибиров и Данил Шишкарев со по четири гола. Кај Нексе нападот го предводеше Марин Шипиќ со пет гола.

Следен натпревар во СЕХА за вардарци е дуелот со Извиѓач на домашен терен на 28 ноември, а во меѓувреме „црвено-црните“ ќе одиграат три натпревари во Лигата на шампионите, дома и во гости со Барселона (11/17 ноември) и реваншот со Мешков Брест.