Connect with us

Ракомет

Вардар стартуваше со реми во новата сезона на ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961, ремизираше со Елверум (27:27) на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.

Избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ, одиграа динамилен натпревар, во првото полувреме имаа и предност од три гола 11:8, но до полувремето домаќините ја анулираа негативата (13:13)Во вториот дел двата тима на моменти имаа предност од еден – два гола, но ниеден од нив не успеа да се одлепи и да го собере целиот план од овој меч.

Мартин Томовски го заврши мечот со 14 одбрани, додека во нападот најефикасен беше францискиот интернационалец Жереми Тото со шест гола. Кај Елверум по шест погодоци постигнаа Мате и Хелдал.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама