Тајмаут
Вардар во Келн ќе ја брани титулата, а ќе игра со „паметна“ топка
Проектот кој беше најавуван од страна на ЕХФ уште пред неколку години, на годинешниот Ф4 сега можел да стане реалност. Завршниот турнир кој ќе се одигра во Келн, каде Вардар ќе ја брани титулата од Европа, ќе се игра со „паметна“ топка.
„Паметната“ топка „IBall“ во себе содржи чип, кој испраќа информации до стручните штабови, а и гледачите ќе добиваат повеќе информации во врска со натпреварот.
Ф4 турнирот ќе се одигра на 26 и 27 мај во Келн, а Вардар за влез во финалето ќе се бори против Монпелје на 26 мај во 18:00 часот.