SPORTM.mk
Вардар во Загреб веројатно го завери четвртфиналето во ЛШ
[ad_1]
Во првиот натпревар во осминафиналето од ракометната Лига на шампионите, во саботата вечерта македонскиот претставник Вардар со високи девет голови разлика 27:18 (14:6) го совлада домашниот ППД Загреб, пред реваншто следната сабота во Скопје.
Во дуелот кој ЕХФ го прогласи за натпревар на седмицата, еден од најдобрите европски ракометни состави во моментов ја заврши работата уште во првото полувреме, кој Вардар го доби со осум голови ралика 14:6. До крајот на мечот за македонскиот шампион беше само одработување на започнатото.
Вардар очигледно во мечот во заграпската „Голема Арена“ влезе многу поподготвен со перфектно подготвена тактика точно за најголемиот регионален ривал. Одбраната на скопскиот тим ги затвори загрепските стрелци, а на голот брилјираше Дејан Милосављев со 14 одбрани, кој беше прогласен и за играч на натпреварот.
Во долгата листа на стрелци кај Вардар најефикасни беа Игор Карачиќ и Даинис Криштопанс со по пет погодоци, додека исто толку погодоци за Загреб постигна Давид Мандиќ.
[ad_2]
Извор: Netpress