Connect with us

Ракомет

Вардарци доминантни и во индивидуалните награди, Циндриќ избран за ракометар на годината во Хрватска

Успехот на Вардар изминатата година донесе и индивидуални награди за голем дел од ракометарите на европскиот шампион.

Лука Циндриќ е избран за најдобар ракометар во Хрватска за 2017 во изборот на Хрватскиот ракометен сојуз и весникот Спортске Новости.

Меѓу најдобрите пет ракометари на Хрватска покрај Циндриќ влегоа и Иван Чупиќ и Игор Карачиќ.

Претходно индивидуални награди добија Стојанче Стоилов, Арпад Штербик и Раул Гонзалез, како и Вуко Борозан кој беше прогласен за најдобар спортист на Црна Гора.