Ракомет
Вардарци убедливи против Фуксе Берлин
Ракометарите на Вардар ја забележаа првата победа на турнирот во Германија, откако попладнево во 2.коло второто коло на турнирот во Германија го победија тимот на Фуксе Берлин со 32:24 (15:13).
Германскиот тим е актуелен освојувач на Купот на ЕХФ и еден од најдобрите тимови во Бундеслигата.
Новото засилување на „црвено-црните“ голманот Дејан Милосављев средбата ја заврши со девет одбрани, а најефикасни беа Дибиров со седум и Криштопанс со шест погодоци.
Во првото коло Вардар беше поразен од Хамбург.