Поврзи се

Тајмаут

Василијадис: Ако продолжат нередите ќе има фудбалски Грегзит

Заменик министерот за спорт во грчката Влада, Јоргос Василијадис изјави дека е подготвен за сценарио Грегзит, односно дека Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе ја исфрли Грција и грчките клубови од сите меѓународни натпреварувања за да се смири ситуацијата во земјата.

Тамошната Влада го прекина првенството по хаосот во Солун на дуелот ПАОК – АЕК кога на терен со пиштол околу појасот втрча сопственикот на црно-белите Иван Савидис сакајќи да се пресмета со судијата кој му поништи гол на ПАОК.

– Ако не се преземат обврски за да се создаде нова рамка на дејствување и правила, ќе дојдеме до крај на грчкиот фудбал. Ние не сакаме да го ризикуваме јавниот ред и безбедност. Грегзит во фудбалот не е моја грижа. Мора да има казни и за изјави кои се провокативни и кои поттикнуваат инциденти. Сите имаме одговорност, нагласи Василијадис, во изјава за грчка „Газета“.

Тој апелира релевантните фудбалски организации да ја преземе одговорноста и да се најде решение.

– Јас не сум министер за фудбал, туку за спорт. Се борев за редовни судии да донесуваат одлуки, но УЕФА не дозволуваше, се до сега.
Василијадис смета дека сопственик на ПАОК, Савидис за инцидентот на стадионот „Тумба“ треба да добие огромна финансиска казна.

ФОТО

loading...

Повеќе од Тајмаут

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com