Connect with us

Ракомет

Важно е Скопје да има два силни клуба

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Роберто Парондо ги искажа своите очекувања во пресрет на  македонската пресметка во СЕХА лигата против Металург.

– Секогаш кога играме со Металург може да се случи нешто неочекувано бидејќи тоа се дерби средби. Тоа се два тима кои се големи ривали и сите знаат дека тоа е повеќе од обичен натпревар. Очекуваме добра атмосфера и верувам и гледачите ќе уживаат во мечот. Според мене најважно е Скопје да има два навистина добри клуба, вели Парондо.

Натпреварот се игра вечер од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски”.

Вардар досега има биланс седум победи и два пораза, додека Металург е на учинок една победа, еден нерешен резултат и седум порази.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com