Connect with us

Кошарка

„Вечер“ никогаш не греши: Контроверзните браќа Бол го одиграа предвидениот натпревар против Работнички

Како што најави пред неколку дена дневниот весник Вечер, контроверзната кошаркарска фамилија Бол денеска пристигна во Скопје.

Имено, браќата на далеку попознатиот Лонзо, кој настапува за НБА тимот на Лос Анџелес Лејкерс, Лианџело и Ламело, заедно со уште неколку млади кошаркари го одиграа предвидениот натпревар против најтрофејниот кошаркарски клуб, екипата на Работнички.

Станува збор за средба во склоп на големата турнеја на Џеј-Би-Еј лигата во која настапуваат млади и талентирани кошаркари кои не сакаат да влезат во системот на НЦАА. Воедно, семејството Бол, кое важи за најциркузантско во светот на кошарката, престојот во Скопје ќе го искористат за снимање епизода за нивното реално шоу кое редовно се емитува преку Фејсбук.