Connect with us

Ракомет

Вечерва големо ракометно дерби, Вардар против Еурофарм Пелистер, штета што нема публика

Се враќа големото ривалство помеѓу Вардар и Пелистер во ракометот. Ова ривалство трае одамна, помеѓу клубовите, но и навивачите, ама сега се враќа повторно пред се поради актуелниот квалитет на двете екипи. Одамна Пелистер, а сега Еурофарм Пелистер немаше квалитет, но сега полека но сигурно се враќа кон врвот.

Иако Вардар го напуштија неколку големи имиња, сепак и сега има квалитет, па поради тоа е благ фаворит. Но, Еурофарм Пелистер со настапите во еврокуповите покажа дека е тим за респект. Сепак, голема штета е што ќе нема навивачи, се разбира поради пандемијата со коронавирусот.Инаку, Вардар има 13 титули, додека Пелистер шест досега. Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е закажан за од 17:00 часот.