Connect with us

Ракомет

Вечерва се игра реваншот со Фарски Острови, има ли Македонија сили? Лазаров со две промени

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров се одлучи за две промени за вечерашниот реванш натпревар со Фарски Острови во баражот за пласман на Светското првенство 2025. Лазаров ги повика бековите Мартин Карапалевски од Вардар и Иван Џонов од Алкалоид.

Од репрезентацијата за вечерашниот дуел отпаѓаат Дамјан Митев и Цветан Кузманоски.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.

На првиот натпревар Фарски Острови победија со 34:27.

Advertisement