Connect with us

Кошарка

Вејд го поштеди поранешниот клуб, Џејмс го предводеше Кливленд до победа над Чикаго

Кошаркарите на Кливелнд постигнаа нова победа откако пред своите навивачи го совладаа Чикаго, а најзаслужен беше Леброн Џејмс кој запиша 34 поени. Орландо го победи Бруклин, а Арон Гордон постигна рекордни во кариерата 41 поен.

Њујорк и натаму е без победа откако зафуби на гостувањето кај Бостон, додека единствената гостинска победа ја постигна Индијана над Минесота. И без Милош Теодосиќ ЛА Клиперс ја победи Јута, додека 39-те поени на Де Маркус казнс беа недоволни за победа на Њу Орлеанс против Портланд.

Резултати:

Кливленд – Чикаго 119:112,

Орландо – Бруклин 125:121,

Бостон – Њујорк 110:89,

Минесота – Индијана 107:130,

Портланд – Њу Орлеанс 103:93,

ЛА Клиперс – Јута 102:84.