Connect with us

Тајмаут

Веќе нема дилема на кој ќе му припадне седумката на Роналдо во Реал

Кристијано Роналдо стана новиот член на Јувентус, па многумина се прашуваат кој ќе ја задржи седумката, која со години беше во сопственост на најдобриот фудбалер на светот.

Се очекуваше Еден Азар да ја задржи седумката, со оглед на тоа што се повеќе се зборува за неговото заминување од Челзи, но во разговор за „Diario gol“ капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос откри кој ќе го носи бројот седум.

Како што кажа Рамос, седумката сега му припаѓа на младиот офанзивец Марцо Асенсио, 22-годишен фудбалер од кој сите во клубот имаат големи очекувања и очигледно честа да го носи овој „свет“ број не му припадна туку така.

Иначе, Асенсио досега го носеше број 20 на својот дрес.