Фудбал
Венгер: Арсенал не е тоа што беше, не е човечки клуб
Арсен Венгер на клупата на Арсенал го наследи Унаи Емери, кој неодамна заработи отказ поради најлошата серија на клубот од 1977 година. „Топџиите“ не победиле на осум мечеви во Премиер лигата, пред да го направи тоа Љумберг против Вест Хем во понеделникот.
Поранешниот менаџер на тимот Венгер вели дека Арсенал не е тоа што беше.
-Кога стигнав во Арсенал имаше 80 луѓе. Кога заминав 750. За мене постои едно ниво на размислување. Ако ве има 150, тогаш можете да имате човечки однос, го знаеме името на нечија сопруга, дете и друго. Мојата најголема жал е што Арсенал од човечки клуб, стана нечовечки, со огромна административна тежина. Пред неколку години ако би сакале некој млад фудбалер, ќе го донесевте, ќе му дадевте тренерка и ќе стане дел од тимот. Сега, ако сакате физиотерапевт, морате да прегледате 300 пријави. Така чувствував дека клубот, дел по дел, ми „избега“ од рацете, вели Венгер.