Connect with us

Фудбал

Венгер: Азар не може да биде достојна замена за Роналдо

Еден Азар не може да биде достојна замена за Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, легендарниот и поранешен менаџер на Арсенал, Арсен Венгер. Причината како што вели Французинот е тоа што Азар не може да постигнува толку многу голови како Роналдо.

– Азар ќе биде sвезда во Реал, но тој нема да ја пополни празнината што се направи по напуштањето на Кристијано. Азар ќе решава исходи од натпревари, но нема да може да постигне 50 гола на сезона. На Реал Мадрид му треба уште еден напаѓач, бидејќи Бензема веќе има 32 години. Ако тимот има уште еден млад напаѓач со кој може да игра, работите може да одат подобро, изјави Венгер, цитиран од „Беин спортс“.