Фудбал
Вентура ќе биде сменет и да обезбеди пласман на националниот тим на СП во Русија
Во Италијанската фудбалска федерација не се задоволни од работата на селекторот Вентура и веќе се шпекулира дека предводникот на Аѕурите ќе биде сменет и да обезбеди пласман на националниот тим на СП во Русија.
Да потсетиме Италија ја очекува реванш со Шведска од која го загуби првиот дуел со 1-0.
На „Сан Сиро“ во вторник Италија ќе се обиде да стигне до мундијалска виза, но и да се случи тоа во Русија оваа репрезентација нема да биде водена од Вентура.
Покрај федерацијата се шпекулира дека и играчите се незадоволни од работата на поранешниот тренер на Торнио.
Еден од можните наследници на Вентура на клупата на Италија е Карло Анчелоти кој е познат по тоа што досега никогаш не бил селектор на некоја репрезентација.