Тајмаут
Вера (102) и Олга (98) добиле посебни овации на Етихад
Манчестер Сити во саботата го победи Фулам 3:0, што беше четврта победа на граѓаните во Премиер лигата оваа сезона.
На Етихад гледачите повторно можеа да уживаат во одлична игра, а вовед во спектаклот беше излегувањето на Олга и нејзината сестра Вера на теренот.
Вера Коен има 102 години, Олга Халон 98, а двете се најстарите навивачи на Сити, кои навиваат 85 години!
Олга излезе од тревникот, држејќи го Фернандињо, додека Давид Силва ја следеше Вера.
Подоцна со нив беа нивните внуци, а интересно е тоа што не се најстарите навивачи во Англија.