Connect with us

SPORTM.mk

Верати: Наместен натпревар? Па, не сме победиле прв пат со пет разлика

Во француските медиуми не стивнува бурата поради сомнежот за наместениот натпревар помеѓу ПСж и Црвена звезда (6:1).

Угледниот „L’Equipe“ пласираше информација дека постои сомнеж за наместен натпревар, затоа што Црвена звезда сакаше во некоја кладилница да стави пет милиони евра дека натпреварот ќе заврши со пет разлика за ПСЖ, поради што е покрената истрага.

Целата приказна ја прокоментира и Марко Верати, еден од најдобрите играчи на францускиот клуб, кажувајќи дека не делува реално тоа што се пишува во медиумите.

„На теренот ништо не се почувствува. Одигравме голем натпревар, а не е прв пат да победиме некого со пет голови разлика. Минатата година повеќе пати славевме убедливо. Меѓутоа, тоа не е проблем кој нас не засега“, кажа репрезентативецот на Италија.

Вмешаноста во целиов случај ја отфрлија и ПСЖ и Црвена звезда.