Фудбал
Верон го кани Иниеста, „волшебникот“ повторно во голем клуб заедно со Маскерано?
Херојот на шпанскиот фудбал и Барселона Андрес Иниеста игра во Кина, поточно во Висел Кобе од минатото лето, кога како слободен играч го напушти „Камп Ноу“ по повеќе од дваесет години поминат во оваа екипа.
„Марка“ пренесува дека Хуан Себастијан Верон го контактирал Иниеста да се пресели во аргентинскиот тим Естудијантес.
Тренер на оваа екипа е Габриел Милито, поранешен дефанзивец на Барса, кој своевремено играше со Иниеста.
Во Естудијантес би можеле да видиме „мала Барселона“, доколку Иниеста се согласи да се пресели во Аргентина. Хавиер Маскерано веќе потврдил дека од доаѓа во клубот.