Connect with us

Други спортови

Верстапен најбрз на првиот слободен тренинг во Австралија

Светскиот шампион Макс Верстапен го даде својот максимум на првиот слободен тренинг во пресрет на Големата награда на Австралија. На патеката во Мелбурн, пилотот на Ред Бул даде време од 1:18.790, кое остана недостижно за неговите конкуренти.

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, извозе круг за 1:19.223, додека третото место му припадна на колегата од Ред Бул, Серхио Перез, кој заостануваше 0.503 зад Макс Верстапен.

Четврти е Фернандо Алонсо со заостанување од 0,527. Двајцата возачи на Скудерија Ферари завршија на 5то и 6то место, Шарл Леклер остана 0,588 повеќе од Верстапен, додека Карлос Саинц заврши 0,715 зад Верстапен.

Совозачот на Мерцедес Џорџ Расел заврши деветти откако постави време од 1:19.699 во својот најбрз круг.