Други спортови
Верстапен: За мене ова не е Формула 1!
„Ова беше трка со многу возбудувања. Се случија многу работи со кои не се сложувам, но тоа е што е. Околу инцидентот, јас успорив на десната страна за тој да ме помине, но тој не го разбра моментот и се удривме. Не разбирам што точно се случи во тој момент
За среќа, фановите знаат што е тркање бидејќи ова денес е неверојатно. Овој спорт е повеќе насочен кон казни отколку кон вистинска трка. За мене ова не е Формула 1“, изјави Верстапен.