Connect with us

Ракомет

Веселин Вујовиќ: Откажете го Европското првенство, па ова нема врска со животот и здравиот разум

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, во интервју за хрватски „Индекс“ изјави дека ЕП кое треба да почне на 13-ти јануари треба да се откаже. Причината секако е растот на новозаразени од коронавирус. Како што вели тој, состојбата се менува многу брзо, што секако поради правилата влијае на составот на репрезентациите.

-Искрено, навистина не ми е јасно кој нормален е заинтересиран да игра на ваков турнир. Колку има смисла тимовите со шест или седум заразени играчи да патуваат за во случај на позитивен тест овие момци да бидат изолирани, а потоа да се вратат на паркетот по десет дена без тренинг и да играат натпревари? Нема врска со животот и здрав разум. Каков ракомет тогаш ќе гледаме? Никаков. Да не зборуваме за можноста за повреда. Тогаш, претпоставувам дека земјите организатори ќе воведат некои мерки, па лесно може да се случи турнирот да се одвива без публика. Ги прашувам сега овие мудреци, а за кого игра ова ЕП? Мое мислење би било дека ЕП мора да се откаже. Светот нема да пропадне ако прескокнеме еден турнир, вели Вујовиќ.