Connect with us

Ракомет

Веспрем и Манасков на плус седум против Алборг, Ф4 многу блиску

Ракометарите на Веспрем по голема борба во текот на целиот натпревар успеаја да го совладаат Алборг на домашен терен со 36:29 (17:16), па се поблиску до пласман на завршниот турнир. Одговорот ќе го добиеме на 18 мај кога на програмата е реваншот.

Најефикасни во тимот на Веспрем беа Маргуч со седум, Омар со шест, Нилсон со пет, Штрлек со четири гола. Петар Ненадиќ постигна три, а Дејан Манасков запиша во листата на стрелците со еден гол од два обида. Во Алборг, Јул беше расположен за игра во напад, со шест, Сандел и Бјорнесен со пет, и Клер со четири, соодветно.

Веспрем во првото полувреме успеа да дојде до предност од четири гола, но Алборг до крајот на овој период од натпреварот успеа да дојде до израмнување. На нешто повеќе од 15 минути до крајот на натпреварот, на радост на домашните навивачи, Веспрем поведе со 24:18.

Алборг се трудеше максимално да дојде до израмнување во првото полувреме, но Веспрем успеа да ја задржи убавата предност пред реваншот и реални шанси за пласман на завршниот турнир.

Во натпреварите одиграни на 11 мај, Барселона како гостин го победи Флензбург со 33:29, додека без победник заврши натпреварот помеѓу ПСЖ и Кил во Париз. Реванш натпреварите се закажани за 18 и 19 мај, а во последниот меч од четвртфиналето силите ќе ги одмерат Монпеље и Вива Килче.

 

Реклама

Facebook