Connect with us

Ракомет

Веспрем и Манасков славеа над Ференцварош

По триумфот над францускиот великан ПСЖ во Лигата на Шампионите, Веспрем каде што игра македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, ја продолжи одличната серија и во домашното првенство и ја запиша третата победа, во исто толку одиграни натпревари.

Манасков денеска беше стрелец на два гола во победата на Веспрем.

Денеска на гостински терен Веспрем успеа да го совлада Ференцварош со 27-30.

Сепак, Веспрем не стигна така лесно до победата, на полувреме имаа негатива од четири гола (16-12), а домаќините го држеа водството до пред самиот крај, а серијата од три гола им донесе победа на Веспрем.

Веспрем моментално е втор со 6 бода, а пред него е Сегед кој има одиграно 4 натпревари и има максимален учинок од 8 бода.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама