Connect with us

Ракомет

Веспрем по петти пат го освои трофејот во СЕХА

Ракометарите на Веспрем се победници на завршниот „Ф4“ турнир во Задар кој се играше од петок до вечерва.

Унгарскиот тим во финалето го победи ППД Загреб со 32:30 иако на полувремето губеше со 13:19.

Ова е вкупно петти трофеј за Веспрем во регионалната СЕХА-лига по што се израмни со Вардар по бројот на титулите.

Загреб остана на само еден трофеј во 11 изданија на регионалното натпреварување.

Претходно, во мечот за третото место, македонскиот претставник Еурофарм Пелистер го победи Нексе со 27:23.

Facebook