Фудбал
Видал ги пакува коферите, стигна понуда од 12 милиони евра
Според „Газета дело Спорт“ раководството на Интер сака да го засили средниот ред во јануари, а прва желба е Артуро Видал. Поради тоа Марота и Аусилио се откажале од познатата формула позајмица со право на откуп, па Интер испратил понуда до Барселона во висина од 12 милиони евра.
Каталонците се размислуваат, Видал не е во преден план кај Валверде, па според италијанскиот весник голема е шансата во јануари Чилеанецот да го видиме во дресот на Интер.
Освен него, желби на Конте се Дејан Кулушевски, Маркос Алонсо, Немања Матиќ и секако освежување во нападот, а се спомнува Љоренте од Наполи, на кој ќе му биде понуден Политано во замена.