Connect with us

Фудбал

Видал ја тужи Барселона за да го забрза трансферот во Интер

Играчот од средниот ред Артуро Видал ја тужи Барселона за неисплатени бонуси. Висината на сумата е 2,4 милиони евра, но Каталонскиот тим тврди дека Чилеанецот нема бонуси, затоа што не ги исполнил условите од договорот.

Тие биле да одигра најмалку 60 отсто од мечевите на Барса, а на нив требало да бите 45 минути на теренот. Барселона тврди тоа не е исполнето, Видал го тврди спротивното.

Но, медиумите имаат друга теорија. Наводно Видал ја поднел тужбата на 5-ти декември, со цел да го притисне раководството да се откаже од него и да го продаде на Интер. Последните информации велат дека Интер понудил 12 милиони, Барселона бара 20, што е многу за италијанскиот тим. Воедно дел од медиумите пишуваат дека во зделката Барселона бара да има право да ги купи еден од двајцата фудбалери Шкриниар или Мартинез.

Интер овие двајца нема намера да ги продава и доколку токму ова биде главниот услов ќе се откаже од преговорите, а такво нешто не му се доапаѓа на Артуро Видал кој сака да се врати во Серие А.