Connect with us

Фудбал

Видарсон: Македонија заслужено до второто место

Исланд си заминува од Скопје со пораз од нашите репрезентативци со 3-1.

Арнар Видарсон ги кажа своите чувства после дуелот со Македонија:

„Честитки за второто место. Моите емоции се секогаш исти кога губам меч, не сум среќен, тоа никогаш нема да се промени. Мислам дека мечот во првиот дел беше доста тежок за нас, затоа што беше тешко да се држи топката. Во вториот дел бевме многу подобри, дадовме гол за 1-1. Тргнавме на 2-1, мислевме дека ќе креираме паника, дека ќе го испаничиме противникот и дека работите ќе тргнат за наша страна, но тоа не се случи. Следеше и црвен картон, па на крајот го загубивме натпреварот. Македонија е подобра, го заслужи второто место. Се работи за компактен тим кој долго време е заедно, се гледа кохезијата во тимот. Сакаме и ние еден ден да бидеме репрезентација како Македонија“, изјави Видарсон.

 

Реклама

Facebook

Реклама