Други спортови
ВИДЕО: 12 годишна сиријка е најмлад учесник на Олимписките игри во Токио
12-годишната Сиријка Хенд Заза е најмладата олимпијка на овие Игри, а е пингпонгарка и таа влегува во историјата на најголемиот спортски настан, а за Би-Би-Си открива што ја инспирирало за да стигне до остварување на сон за секој спортист, на така млада возраст.
Започнав да го играм овој спорт, бидејќи сакам да бидам како мојот брат кој беше национален шампион. Ги гледав неговите настапи и му реков дека сакам да бидам како него. Ми даде голема поддршка и ми кажа дека доколку тренирам напорно можам многу да постигнам – рече Заза.
Заза преку ноќ се прослави во својата земја, откако во финалето на западноазиските олимписки квалификации во Јордан ја совлада 30 години повозрасната Либанка Маријана Сахакјан. Сирија досега немала олимпиец во овој спорт, во кој не постојат возрасни ограничувања.