Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: 46 поени во 36 минути за Вестбрук против Визардс

Оклахома Сити, предводени од Расел Вестбрук, забележаа убедлива победа над Вашингтон со 121-112.

Вестбрук забележа 46 поени иако на теренот мина само 36 минути во игра. Овојпат Вестбрук беше далеку од препознатливиот за него „трипл-дабл“ учинок, бидејќи на крајот заврши со по шест асистенции и скокови. Пол Џорџ и Кармело Ентони придодадоа по 18 односно 13 поени за Оклахома која ја оствари 28-ма победа сезонава.