Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Албанија има нов стадион, погледнете како изгледа

Албанија изгради нов фудбалски стадион со капацитет од 22.500, на кој ќе игра исклучиво фудбалската репрезентација. Ќе го носи името „Air Albania“, во сопственост е на тамошниот фудбалски сојуз, а има и деловен комплекс со кула висока 112 мети. Изградбата чинеше 60 милиони евра, а 10 милиони се добиени од УЕФА, останатите ги обезбеди приватен инвеститор, кој потоа ќе ја добива заработката од деловниот комплекс.

Првиот натпревар на новиот стадион Албанија ќе го игра вечерва против Франција.