Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Анчелоти го заврши говорот, Модриќ скокна и настана лудило

Лука Модриќ и соиграчите 0:1 од првиот натпревар ги претворија во вкупна победа од 4:1 на теренот на најголемите ривали и на 6 мај во Севиља ќе го одиграат своето 40-то финале во ова натпреварување и ќе ја бараат својата 20-та титула.

Јунак на мечот во Барселона беше тројниот стрелец Карим Бензема, кој постигна голови во 50., 59. (11 метри) и 81. минута откако Винисиус Жуниор (45+2) го доведе Реал во водство.

Воодушевувањето владееше во соблекувалната на Реал по големиот успех, Модриќ и соиграчите играа , скандираа и пееја, а среќата стана уште поголема откако тренерот на тимот Карло Анчелоти одржа говор по натпреварот. Последните зборови од говорот беа доволни за целосна еуфорија. Анчелоти им порача на играчите дека во четврток ќе имаат слободен ден, а потоа се случија овие сцени: