Фудбал
ВИДЕО: Андоновски дебитираше со победа на клупата на светскиот првак
Женската фудбалска репрезентација на САД славеше во пријателски меч против Шведска со 3:2. Светските шампионки водеа со 3:0 во првите 45-минути, но со оглед на тоа дека беше пријателски меч, па се смени состанов, но и со оглед на тоа дека не реализираа пенал во 81-та минута, а противничките постигнаа два гола, на крајот беше 3:2.
Ова беше прв натпревар за Влатко Андоновски како тренер на светските шампионки, позиција на која беше назначен пред само неколку дена.