Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Антиќ со Црвена ѕвезда го добија дербито со Партизан

Екипата на Црвена ѕвезда за која настапува поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ, го совлада Партизан со 100:84 во последниот дуел од 7. коло на регионалната кошаркарска АБА лига.

Антиќ одигра 24 минути и постигна 13 поени со осум скокови од кои пет офанзивни.

Домаќинот Партизан во сите четири четвртини постигна по 21 поен, но „црвено-белите“ беа поефикасни во три периоди (26; 27; 21 и 26) и на крајот заслужено се радуваа.

Најзаслужен за победата на бранителот на трофејот беше Милко Бјелица со 29 поени.

По седум рунди Црвена ѕвезда има биланс 5-2 победи-порази, Партизан е на ефект 4-3.