Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Аргентинец полуде, скрши прозорец и за малку не го осакати – судијата

Аргентинскиот тенисер Ренцо Оливо направи недозволива работа на турнирот во Перуџа и ја загрози безбедноста на учесниците на мечот против Тимофеј Скатов.

Откако го загуби мечот, во лутина ја исфрли топката високо кон трибините и од силата на ударот искрши стакло.

На видеото може да се забележи како дел од скршеното стакло паѓа зад главниот судија, а и самиот Аргентинец беше шокиран од она што го стори.