Фудбал
ВИДЕО: Бекам се јави на Роналдо, каков е твојот англиски
Во време кога комуникацијата поради коронавирусот е сведена само на онлјан, многу спортисти почнаа да објавуваат видеа на нивните социјални мрежи од разговори со нивни пријатели, некогашни соиграчи или колеги.
Таков е случајот и со Дејвид Бекам, кој преку видео врска разговараше со Роналдо, оној „вистинскиот“, Луис Назарио Да Лима. Иако целиот разговор не е објавен, сепак се гледа дека старите пријатели уживале во нивната комуникација.
Во еден момент Бекам на Роналдо му вели:
-Каков е твојот англиски?
Роналдо му одговара: Мојот англиски е лош.
Бекам: Перфектен е знам.
Роналдо: Кога ќе испијам вино, станува подобар.