Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Битката во Ла Лига е меѓу Барселона и Валенсија, нова победа на Валенсија на Местаља

Фудбалерите на Валенсија ја забележаа седмата победа во низа во шпанската Примера.

Во првиот меч од денешната програма Валенсија пред својата публика на „Местаља“го совладаа Леганес со 3:0

Резултатот го отвори Дани Парехо во 14.минута за водство од 1:0. На вториот гол се чекаше се до 71.минута кога Родриго Морено, зголеми на 2:0, а конечните 3:0 за Валенсија го постави Санти Мина во 82.минута од пенал.

Со оваа победа и три освоени бода, сега популарните „лиљаци“ се доближија на само еден бод помалку од водечката Барселона.

Валенсија е второ рангирана со 27, додека Барселона има 28 бода, но каталонската екипа вечерва треба да го игра својот меч од 11.коло и тоа дерби против Севиља