Тајмаут
ВИДЕО: Бизарната ситуација во Серија А – фудбалер го повреди судијата
Во Италија се случи една необична ситуација во која напаѓачот на Сасуоло, Кума Бабакар го повреди линискиот судија Џулио Дособз.
Сенегалскиот фудбалер беше на клупата за резерви и почна да се загрева за да влезе во игра против Кротоне, но додека се загреваше некако дојде до физички контакт со линискиот судијата, кој по судирот лежеше на тревата.
На судијата му беше пружена медицинска помош, и по некое време тој продолжи да ја извршува својата работа крај линијата и сè се заврши без некои поголеми и посериозни последици.
Инаку, Бабакае беше заменет во 53 минута на 3:1 во Кротоне, но со неговото појавување на теренот ништо не се промени на подобро. Покрај тоа, Сасуоло прими уште една и загуби 4: 1.
Штета е што немаме снимки од тоа како дојде до овој „инцидент“, но еве како изгледаше ситуацијата по „инцидентот“.