Ракомет
ВИДЕО: Борко Ристовски го нарече Антиќ девијација во македонското општество, а на Мојсоски му порача да се разбури, за Кире не сакаше да коментира
Поранешниот репрезентативец на Македонија, а сега голман на РК Вардар, Борко Ристовски беше гостин во емисијата „Жешко столче“. Коментираше за се и сешто, па и за Перо Антиќ, поранешен македонски кошаркар, а сега претседател на федерацијата, кого го нарече девијација во македонското општество. На Наумче Мојсоски кој сега е прв човек на Агенцијата за млади и спорт му порача да се разбуди порано и да работи во интерес на спортистите, додека за Кире Лазаров како селектор не сакаше да зборува, бидејќи како што вели се уште е рано.