Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: „Брадата“ со рекорден трипл-дабл против Орландо Меџик

Џејмс Харден стана првиот играч во НБА лигата со трипл-дабл остварување и при тоа постигнати 60 поени.

Популарната „брада“ ноќеска на дуелот со Орландо Меџик, покрај 60-те поени кои се негов личен рекорд, имаше и 11 асистенции и 10 скокови.

Хјустон го доби натпреварот со 114-107 по што остана на 2.место во Западната конференција со 36 победи и 13 порази. Лидер е Голден Стејт Вориорс со ефект 40-11. Шампионот синоќа славеше победа на гостувањето кај Јута со 129-99.

Од останатите средби ги издвојуваме поразите на вицепрвакот Кливленд кој загуби во Детроит со 125-114, како и Оклахома која беше поразена на гостински терен од Вашингтон со 102-96

https://youtu.be/YKfMGYtL_YE