Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Бразил победува и со утнат пенал

Бразил стигна до лесна 3:1 победа над Јапонија на пријателскиот меч во Лил, Франција благодарение на голот на Нејмар, но и покрај утката од пенал.

„Селесао“ имаше повеќе посед на стартот на мечот, но не успеаја да го предизвикаат јапонскиот голман, Еиџи Кавашима, пред во 10. минута Нејмар да биде сигурен од белата точка по суровиот старт на Маја Јошида на Фернандињо, пишува макфакс.

Бразил доби уште еден пенал во 15. минута, кога Габриел Жесус беше соборен во шестнаесетникот, но овојпат Нејмар утна, откако Кавашима го прочита неговиот удар. Само две минути подоцна Бразил постигна гол преку Марсело.

Јапонците се „разбудија“ во 30. минута, кога дефанзивецот Јошида ја погоди пречката со одличен удар, пред Бразил да стигне до убедливи 3:0 во 36. минута преку Габриел Жесус по нафрлање на Данило.

Јапонија го доби утешниот гол во 68. минута, кога Томоаки Макино успеа да го натскока Жемерсон (Монако). До крајот на мечот, Јапонците се охрабрија и имаа повеќе напади, и постигнаа гол во 87. минута кој беше поништен поради офсајд.