Фудбал
ВИДЕО: Бразил прв финалист, Аргентина и Меси немоќни против „кариоките“
Домаќинот Бразил е првиот финалист на Копа Америка откако во полуфиналето со 2-0 ја совлада Аргентина на „Минеирао“ во Бело Хоризонте .
Бразил преку Жезус поведе на ова „Суперкласико“ по 19 минути игра. На вториот гол се чекаше се до 71 минута кога гол постигна Фирмињо за конечни 2-0.
Поразот за Аргентина е уште едно разочарување за Меси кој пропушта ново финале на Копа Америка.
Противник на Бразил во финалето ќе биде подобриот од мечот меѓу Перу и Чиле кој се игра вечерва во 2-30 минути по полнок.
https://youtu.be/yEEF30pFtNw
Извор: Дриблинг