Тајмаут
ВИДЕО: Бразилски голман брутално ја претепал сопругата, таа од тоалет барала помош
Голманот на Сао Пало Хуан Пауло Фернандеш е уапсен на Флорида под обвинение дека ја претепал сопругата, откако таа објави видео на социјалните мрежи.
Милена Бемфика објави вознемирувачко видео на кое молеше за помош и бараше правда.
-Луѓе, во моментов сум во Орландо, а погледнете што ми направи Хуан. Можели некој да ми помогне. Хуан ме удри. Сакам правда, а сега сум затворена во тоалет, порачала Милена во видео клипот.
Фернандеш веднаш бил приведен поради семејно насилство, а се огласи и неговиот клуб Сао Паоло кој не ја исклучи можноста да го избрка голманот поради срамниот потег.
Фернандеш е роден во 1995 година, а освен за Сао Пауло бранеше и за Бахија.