Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Брестовац по поразот од Белорусија-Еден од подобрите наши натпревари

Published

on

Македонската ракометна репрезентација вчера го одигра последниот меч на СП во Египет. Учеството на Мундијалот го заврши со пораз од Белорусија со 30:26. Билансот на СП во Египет за нашите ракометари е една победа и пет порази од шест меча. По натпреварот, на прес конференцијата, селекторот Данило Брестовац изјави дека ова бил еден од подобрите мечеви на нашите ракометари на овој Мундијал.

-Во изминатите денови се соочувавме со многу проблеми, повредени играчи, здравствени проблеми. Собравме сила, собравме екипа што се вели, да одиграме коректно на овој последен натпревар. Овие момци одиграа во границите на своите можбости, со една две ротации плус, мислам дека можевме да оствариме многу подобар резултат на оваа средба, изјави Брестовац.

 

Advertisement

Facebook