Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Бронза за Французите на ЕП во Хрватска

Франција го освои утешниот бронзен медал на Европското првенство во Хрватска, откако успеа да го издржи силниот финиш на Данците за 32:29 победа над Данска.

Французите рано стигнаа до предност од два гола, меѓутоа при крајот на полувремето Данците повторно се вратија израмнети. Откако резултатот беше 11:11, Карабатиќ постигнува два гола за да ја врати предноста на +2 (13:11) за на полувреме да се отиде со 17:14 предност на „триколорите“.

Карабатиќ повторно беше одличен и на стартот на второто полувреме, но од 40-тата минута Данците полека се враќаат во игра и намалија на два гола разлика (28:26). Французите не дозволија изненадување и победија со 32:29.

Никола Карабатиќ заслужено беше играч на натпреварот, откако имаше дури девет гола против Данците.