Фудбал
ВИДЕО: „Бум бум“ Јаховиќ, 4 голови на мекедонскиот интернационалец на еден меч
Македонскиот интернационалец и поранешен репрезентативец Адис Јаховиќ одигра фантастичен меч на кој постигна четири голови.
Неговиот тим Малатија славеше со убедливи 5:1 против Денизли, а македонскиот напаѓач беше стрелец на четири голови. Со ова Јаховиќ изби на лидерската позиција на листата на стрелците во новата сезона со седум постигнати голови, од седум одиграни натпревари.
Јаховиќ воедно стана петтиот фудбалер во последните 10 години кој успеал да постигне четири голови на еден меч во турската Супер лига.