Кошарка
ВИДЕО: Чанчар МВП на 18. рунда од АБА лигата
Кошаркарот на Мега Бемакс Лекс, Влатко Чанчар е прогласен за МВП од 18. круг од регионалната АБА лига.
Чанчар синоќа во триумфот на Мега над МЗТ Скопје Аеродром учествуваше со 22 поени, 5 скокови, 4 асистенции, 3 украдени топки, 2 блока и индекс на корисност 29 за помалку од 27 минути поминати на теренот.
Тој го имаше второто највисоко вреднување на кругот, заедно со Новица Величковиќ и зад Лука Божиќ (31).
Сепак, фактот дека Чанчар не го искористи својот квалитет само за да се искачи во близина на врвот на статистичките категории, туку и му помогна на неговиот тим да го совлада МЗТ Скопје Аеродром, за разлика од Величковиќ (Партизан) и Божиќ (Задар) кои беа поразени со своите екипи, пресуди да го добие признанието за најкорисен играч.
Останатите играчи кои го одбележаа 18-тиот круг на сезоната со нивните индивидуални настапи се: најдобриот стрелец Лука Жориќ од Цибона (31 поен), најдобриот скокач Лука Божиќ од Задар (12 скока), најдобар додавач Никола Ребиќ од Мега Бемакс (11 асистенции ) и топ „крадец“ Марин Розиќ од Чибона (4 украдени топки).